7 дена Вести Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Минималните температури ќе се движат од од 14 до 22 степени Целзиусови, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 32 до 42 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи до 20, а највисоката днева температура преку денот ќе достигне до 40 степени.

И во петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот.

Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови.
Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната.

Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Сподели: