Авионска несреќа во Москва – загинаа 41 лице

Сподели

Во авионската несреќа што синоќа се случи на московскиот аеродром Шереметјево, кога се запали авион загинаа 41 лице.

Бројот на жртвите го потврди и портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинаа 41 лица. Меѓу 37 преживеани, четворица се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани. Сеуште се испитува причината за несреќата.

Во авионот Сухој Суперџет-100, произведен минатата година, се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот. Компанијата „Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.

Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути.