ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 33 степени.УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 31 степени.