ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од севеоисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ 9.

Во Скопје сончево со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 34 степени.

Под влијание на топол бран во наредните денови следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.