ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето утрово ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта облачноста од север ќе се зголеми и ќе почне да дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

 

 

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 11 степени.

Следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.