Претпремиера на Кралот лав во Cineplexx

Сподели

Претпремиера на КРАЛОТ ЛАВ, Синеплекс, 17.јули

Најновата продукција на Дизни и режисерот Џон Фавро – “Кралот Лав”, ќе нѐ однесе на едно патување во Африканската савана каде се раѓа идниот цар.

Симба го обожува својот татко, кралот Муфаса и од срце ја прифаќа неговата царска судбина. Но, не сите во царството го слават изгледот на малиот лав. Скар – братот на Муфаса и поранешен наследник на тронот, има други планови. Борбата за Лавовското земјиште е катастрофална, исполнета со предавства, трагедија и драма, што доведува до прогонство на Симба. Со помош на двајцата нови пријатели, Симба ќе порасне и ќе стане силен лав, за да успее да го врати она што му припаѓа.