ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне, претежно во северните и западните делови, ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната од 28 до 38 степени. УВ 9.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени.