7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, повремено ќе се засилува.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 5 степени, Маврово 8, Охрид 10, Прилеп 12, Кавадарци 15, Крива Паланка и Берово 9, Дојран 12.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник претпладне. Поради спуштање на студена воздушна маса од север врнежите ќе прејдат во снег и на некои пониски места, особено во северните делови.

Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе предизвика значителен пад на дневната температура.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 Целзиусови степени, а во котлините со магла 3 до 8 степени .

Сподели: