Алтернатива Настани

„Природник” со конкурс за фотографии со „Пејзажи од селата во Македонија”

 

Истражувачко здружение на студенти географи – „Природник” објави конкурс за геофотографија на тема „Пејзажи од селата во Македонија” што ќе трае до 6 септември.

Идејата на тематските геофотоконкурси е преку фотографија да се запознаеме со убавините кои постојат во нашата земја и кои треба да ги промовираме, заштитиме и негуваме, наведуваат од здружението.

Право на учество имаат сите граѓани на Македонија, без разлика на возраст, пол, националност и верска припадност. Конкурсот трае од 12 август до 6 септември.

Фотографиите ќе бидат објавени во на Фејсбук профилот на Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник” , по завршување на рокот на членовите на комисијата за наградување од сите фотографии ќе одберат 3 победнички фотографии, чии автори ќе бидат наградени.

Апликацијата односно фотографиите треба да бидат испратени на имејлот geofotokonkurs@gmail.com.  Еден автор може да испрати најмногу 5 фотографии. Учеството опфаќа дигитални фотографии во боја, испратени преку е-маил (не принт, црнобели фотографии или панорама формати). Насловите на дигиталните фотографии мора да го содржат името на фотографот и името и бројот на фотографијата (1-5) (пример: ДаркоРистовски_СелоКрапа _1.jpg). Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум. Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот која не надминува 20Мb. Фотографиите треба да содржат жиг или лого од авторот. Потребно е да содржат пејзажи од природата и селото (реки, околни планини, полиња итн.), а не е само градба. За секоја фотографија авторот задолжително треба да испрати текст од најмалце 250 зборови ( приказна ) за селото, карактеристики, име итн.

Фотографиите ќе бидат презентирани на веб страната на Истражувачкото друштво на студенти географи „Природник” – Скопје (www.izsg-prirodnik.com.mk) како и на официјалните профили на Здружението на социјалните интернет медиуми (facebook, Instagram ).

 

Сподели: