ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде посвежо со умерен до засилен северен ветер. Претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура се спушти меѓу 8 и 16 степени, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 степени.

За време на викендот и в понеделник синоптичарите најавуваат стабилно време со ниски утрински температури, кои на места ќе бидат околу нулата. Веќе од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.