ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Во земјава денеска ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1 до -7, а дневната температура ќе се движи од -1 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе достигне до -3 степени, а дневната температура до 4 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со магла по котлините. Во петок попладне и во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а дневната температура од сабота ќе биде во пораст.