ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде сончево и студено, со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне. Преку ноќта ќе преовладува претежно облачно време.

УХМР за следните денови најавува многу студен бран, со утрински температури до -17 степени и умерен до засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Во југозападните делови снежната покривка некаде ќе надмине 20 сантиметри.

Утре утринската температура ќе биде од -4 до -10, а дневната од -5 до еден степен. Во недела ќе падне на -11 до -5 во утринските часови, а дневната ќе се движи од -8 до нула степени.