Отказ за Емил Јакимовски вработен во Централен регистар поради закани

Сподели

 

Директорката на Централниот регистер, Марија Бошковска Јанковски, му даде отказ на заканувачот Емил Јакимовски, вработен во оваа институција, кој им се заканувал на новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска и поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор, што сепак не го чувал угледот на работодавачот и професионално не се однесувал спрема вработените и странките.

Одлуката за решението за престанок на работниот однос, директорката Марија Бошковска Јанковски ја објави на својот ФБ профил:

 

 

„Денес 12.01.2020 година (недела) како директор на Централен регистар на Република Северна Македонија донесов решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.
Имено Емил Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договорот за вработување според кои иако вработениот задолжително треба да го чува, сепак не го чувал угледот на работодавачот и не се воздржувал од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши се штетни или ги повредуваат интересите на работодавачот, професионално не се однесувал спрема другите вработени и странките, не ја респектирал хиерархијата и не се однесувал согласно Кодексот на однесување на работодавачот и пропишаните правила за ред и дисциплина кај работодавачот“ – напиша Марија Бошковска Јанковски.