ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денес во државава, во претпладневните часови на места се уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица.Преку денот ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси. Утринската температура ќе се движи од -10 до 1, а дневната од -7 до 5 степени.

Во Скопје облачно, студено и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до -2, а дневната ќе достигне до 2 степени.

До сабота ќе преовладува променливо облачно и студено време, а од недела се очекува постепено затоплување.