ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од -1 до 6, а дневната температура од 3 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Утринската температура ќе биде 1 степен, а дневната температура ќе се движи до 9 степени.

Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.