7 дена Вести

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА -МАКЕДОНИЈА

Сподели:

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 Целзиусови степени.

 

 

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, во делови од Скопската котлина со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени. Маврово 21, Охрид и Берово 23, Битола 26, Крива Паланка 25, Кавадарци 28, Дојран 29.

Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Сподели: