ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 17 степени.

 

 

За време на викендот ќе се задржи стабилно и суво време со пониски утрински температури. Од недела ќе има услови за претпладневна магла по одделни котлини.