Во Скопје санкционирани 222 возачи – 32 за возење без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 222 мерки, меѓу кои 32 за возење без возачка дозвола, 24 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.