ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска во пладневните часови ќе биде променливо и од запад ќе се прошири нова облачност, претежно во северозападните делови ќе има услови за слаб дожд кој преку ноќта понекаде ќе преминува во снег на повисоките места. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

 

 

Во Скопје претпладне ќе има слаба магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 10 степени.

Температурата низ земјава ќе се движи од – 6 до 15 степени.