ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска утрото ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена, а во источните делови повремено значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

 

 

Температурата ќе се движи од -12 до 12 степени. Во Скопје ќе биде сончево со температура до 8 степени.

Следните денови времето ќе биде стабилно и  дневните ќе бидат во пораст.