ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИНЈА – Денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=7.

 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.