ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. УВ=9.

 

 

Температурата ќе се движи од 11 до 28 степени.

Во наредните денови се очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието ќе засилува. УВ=9.