ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, a вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец што ќе предизвика дневната температура во следните денови да биде пониска за неколку степени.