ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

 

 

Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.