ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели:

Во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура во земјава ќе се движи од 3 до 12, а дневната температура од 19 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температура ќе се движи од 7 до 23 степени.

Според најавите од УХМР, до петок следува период на сончево и потопло време со мала до умерена облачност.

В сабота под влијание на нов влажен бран времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, кој ќе донесе значително заладување од север за десетина степени.

Сподели: