Временска прогноза – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.

 

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Во делови од котлината повремено ќе провејува снег.T= 4 °C, P= 987 hPa, U= 80 %, V= 2 m/s.

Снежна покривка до изутрина (во см): 52 Попова Шапка, 37 Маврови Анови, Крушево, 21 Ѓуриште, 16 Пожаране, 13 Берово, 8 Битола, 1 Прилеп, Струмица.