Фотографија / Маглина Sh2-240 (Sharpless 2-240, наречена и Шпагети-маглина) на Сашо Панов
Алтернатива Настани

Планетариумот во МКЦ повторно отворен за посетителите

Сподели:
Фотографија / Маглина Sh2-240 (Sharpless 2-240, наречена и Шпагети-маглина) на Сашо Панов
 
По двегодишна пауза, Планетариумот во МКЦ ќе почне со работа од денеска, 1 март 2022 година.
 
Од МКЦ информираат дека ќе се овозможи повторно да се учи за планетите, за ѕвездите, за сите светли и темни нешта во вселената, за сѐ околу нас!
 
Предавањата ги реализираат предавачите Моника Пешевска и Радан Митровиќ, кои се адаптирани според возраста на посетителите.
 
” Скопско астрономско друштво повторно ве кани на серија предавања во Планетариумот во Скопје кои ќе се одржат на 3ти и 4ти март и тоа во два термини, од 19 и 20ч. На предавањата ќе можете да видите симулација на ноќното небото ослободено од облаци и светлосно загадување. Нашиот член и предавач Радан Митровиќ ќе ве запознае со најинтересните и најважните соѕвездија и објекти, како и со календарите и нивната поврзаност со ноќното небо.
Централна улога има Планетариумот и неговата волшебна способност да ни го долови ноќното небо со преубав приказ на ѕвездите, да ни покаже како тоа се менува кога се наоѓаме на разни позиции на Земјината топка, но и да го забрза текот на времето, а со тоа и движењето на ѕвезденото небо над нас.”
 
Согласно насоките за заштита од корона вирусот, местата се ограничени на 30, а секој посетител задолжително треба да носи маска во текот на целото предавање.
*Предавањата се адаптирани за лица над 10 години. Предавањето со термин во четврток од 19 часот, ќе биде дополнително прилагодено за деца*
Планетариумот е во состав на Младинскиот културен центар (МКЦ), а влезот е од страната која гледа кон Македонската радио телевизија. Билетите, кои се во строго ограничен број, може да ги набавите во билетарата на МКЦ по цена од 150 денари.
За информации за билетите јавете се на 071 305 695.
За дополнителни информации за предавањето побарајте нѐ на 076 439 027
 
 
 
Сподели: