“Бејкинг фектори” стартува со долгорочна акција за донирање на тортилји на Црвениот Крст

Сподели

 

The Baking Factory („Бејкинг фектори“), првата македонска компанија за правење тортилји, овој месец стартува со долгорочна акција за донирање на дел од произведените тортилји на Црвениот Крст. Веќе стационирана на македонскиот пазар од 2020 година, тортилјите на „Бејкинг фектори“ се познати под брендот Yummy.

Со донацијата на калото во целост, „Бејкинг фектори“ не поседува кало, односно немаат загуби на количество и се фокусираат на практична помош. Донацијата се планира да биде доставувана секој месец до пунктот за бездомници на Црвен Крст на град Скопје и на кратокрочен и долгорочен план да се направи разлика и да се помогне таму каде што е најпотребно.

Преку овој потег, првата македонска компанија за тортилји, поставува пример, којшто е воедно и апел до сите македонски компании да се насочат повеќе кон грижа за општеството преку реализација во пракса на активности од општествена одговорност во различни сфери. Првиот дел од акцијата на „Бејкинг фектори“ е обезбедување на храна на оние на кои им е најпотребна, а тука спаѓаат сите лица од ранливи категории, кои се корисници на донации од Црвениот Крст, и кои ќе имаат можност вкусните тортилји подготвени од домашни производи, да бидат секојдневен дел од нивните трпези.

Вториот дел од оваа општествено одговорна акција, е намалување, а во иднина и прекин на уништувањето на стока и амбалажа во Дрисла, со што директно се намалува емисијата на штетни гасови во воздухот. Со ваквиот потег, се влијае директно врз оперативниот обем на Дрисла, а со тоа и врз бројот на штетни емисии во воздухот. Позитивниот ефект во имплементирање на вакви акции, дури и чекор по чекор, коишто влијаат во намалување на загадувањето на воздухот и зачувување на самата животна средина, е нешто коешто треба да биде една од примарните цели на секоја македонска компанија, секој месец од годината.

Во оваа насока и визија, првиот човек, а воедно и основачот на компанијата „Бејкинг фектори“, Дејан Миленковски изјави:

„Со донацијата на калото за тие што им е најпотребна, извршуваме две многу важни активности од општествена одговорност, – донација наменета да помогне на едни од најранливите категории на граѓани, како и заштита на животната средина. Ова се две од едни од најалармантните теми и проблеми во државата, за коишто и ние во приватниот сектор треба да се ангажираме многу повеќе и да сме вклучени во ценењето на принципот што човечки е да се помогне на оној на кој му е најпотребна помош, а секако неизоставен дел од грижата на секоја компанија е фокусирање кон заштита на животната средина на било каков начин. Воедно сакам да поттикнам домашните производители да се инспирираат од оваа акција и да го следат примерот на „Бејкинг фектори. Идејата е да создадеме колективна навика да се помага повеќе и заеднички да ја нормализираме и зачестиме оваа акција преку бизнис сферата и приватниот сектор, којшто има капацитет за значителни донации, коишто можат да направат разлика.“

 Месечно ќе се донираат околу 60.000 денари.

„Бејкинг фектори“, како прва македонска компанија за производство на тортилји, досега на македонскиот пазар има претставено 3 видови на тортилји од брендот Yummy и тоа, – обична пченична тортилја- Yummy Original, пченична интегрална тортилја- Whole Wheat и тортилја со спанаќ и чиа- Yummy Spinach&Chia. Во иднина се подготвуваат нови видови на тортилји и внесување на нови производи, коишто досега не се претставени и достапни на македонскиот пазар.