Врнежи од дожд, на планининте снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2).

На повисоките планини во северозападните делови попладне врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

 

 

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.