ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Ладно време со утрински температури кои ќе достигнат до петтиот степен под нулата прогнозираат светските метеролошки сервиси за времето во Скопје во текот на следната недела.

Во првата половина од следната недела времето ќе биде сончево, но многу ладно. Утринската температура во понеделник ќе достигне до -2 степени, а дневната ќе се искачи до 13 степени. Ладно време со ниски температури ќе имаме до среда.

Во втората половина од неделата ќе се задржи стабилно и сончево време, но температурите ќе бидат во пораст. Утринските температури ќе се движат од 0-5 степени, а дневните ќе достигнат до 16 степени.
За време не следниот викенд не очекува стабилно и сончево време.