“Пукнатини” во рамките на ЕУ поради потресот во Каталонија

Сподели

Пратеникот од Лапонија, Мико Карна, изјавил дека финскиот парламент ќе поднесе предлог да ја признае самостојноста на Каталонија. Карна, кој е од редовите на владејачката Партија на центарот, која ја предводи премиерот Јоха Сипила, и честитал на Каталонија откако регионалниот парламент во петокот изгласал отцепување од Шпанија.

“Ако Финска официјално ја признае Каталонија како нова држава, тоа би било само уште еден удар за ЕУ, која силно го поддржала единството на Шпанија”, наведува лондонски Daily Express.

И претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, предупредил дека се појавиле “пукнатини” во рамките на ЕУ поради потресот во Каталонија, кои доведуваат до расцепување во Унијата.

Шкотската влада исто така пратила порака за поддршка, наведувајќи дека Каталонија “мора да има” право да ја одреди сопствената иднина.

Daily Express пишува дека и Аргентина би можела формално да ја признае Република Каталонија.

Левичарскиот пратеник на аргентинските социјалисти, Хуан Карлос Џордано, кој ја застапува провинцијата Буенос Аирес, рекол дека во парламентот ќе поднесе предлог таа јужноамериканска држава да ја признае Каталонија.

Состојбата во одлуките и соопштенијата помеѓу Мадрид и Каталонија ги поделија ставовите на ЕУ пратениците.