Алтернатива Настани

Вселенската капсула „Сојуз“ слета на Земјата, врати тројца астронаути

Сподели:

thumbs_b_c_3748b333cfc55655f19c322d0cc46668

МОСКВА (АА) – Космичката капсула „Сојуз“ денес слета во Казахстан, враќајќи на Земјата тројца астронаути од САД, Јапонија и Русија, по 115-дневна мисија на Меѓународната вселенска станица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Леталото слета денес наутро, во близина на Жесказган, во степите на централна Азија. Слетувањето се одвиваше во исправена положба, со што излезот на астронаутите беше побрз отколку во случај на странично слетување.

Кејт Рубинс од Американската вселенска агенција НАСА, Такуја Ониши од Јапонија и Анатолиј Иванишин од Русија се извлечени од капсулата, и по изминатите четири месеци во бестежински услови се однесени на медицински преглед.

Андреј Борисенко и Сергеј Ризхиков од Русија, и астронаутот на НАСА Роберт Шејн Кимброу, останаа на вселенската станица каде што пристигнаа на 22 октомври, по дводневно патување.

Сподели: