Вчера се одржаа вонредни парламентарни избори во Србија.
Според податоците на IPSOS и Центарот за слободни избори и демократија (Цесид – CeSID), до 19 часот на парламентарните избори во Србија гласале 67,6% од гласачите.
Најголема излезност до 18 часот била регистрирана во Војводина, каде што гласале 66,90 отсто од избирачите, во белградскиот регион излезноста изнесувала 65,67 отсто, во Шумадија и Западна Србија 64,53 отсто, а во Јужна и Источна Србија 62,01 отсто, според податоците на РИК.
Право на глас имаа 6.451.292 регистрирани гласачи, кои можеа да гласаат на 8.392 избирачки места, од кои 93 во странство.
На изборите учествуваа 18 изборни листи со вкупно 2.418 предложени кандидати, при што девет од нив имаат статус на листи на национални малцинства.
Александар Вучиќ, носителот на изборната листа „Обединета Србија“ во 21,30 часот се појави во седиштето на Српската напредна партија и призна дека ги изгубил изборите. Ова е првиот пораз на Вучиќ на сите избори од 2012 година досега.
Според Вучиќ, Студентската листа освоила меѓу 135 и 140 мандати, додека неговата партија околу 105. СНС освоила околу 1,7 милиони гласови додека Студентската листа 2,2 милиони гласови.
На социјалните мрежи, студентите порачаа: „Србија е слободна“.
фото скриншот


