За 10 дена ЈП Лајка залови 30 бездомни кучиња во Гази Баба

Сподели

 

Почнувајќи од 12. јуни 2023 г. ЈП Лајка почна со стратешкото заловување на територијата на општина Гази Баба, иако со посебен интензитет во оваа општина се заловуваше и претходно.

Во овој период заловувачкиот тим на ЈП Лајка активно во текот на цело работно време беше присутен на територијата на општината и го залови секое бездомно куче на територијата на општината кое го нема поминато хуманиот третман вклучувајќи ги и оние кои беа посочени од граѓаните.

За овие 10 работни денови тимот на ЈП Лајка залови вкупно 30 бездомни кучиња кои го немаа поминато хуманиот третман и секое едно од нив во моментов е во некоја фаза од третманот во прифатилиштето.

Од следната недела продолжуваме со стратешкото заловување во општина Центар додека во другите општини вториот тим на заловувачи ќе постапува исклучиво по пријави на физички и правни лица на цела територија на градот Скопје.