31-та Конвенција на ICARUS ќе се одржи во Скопје и Охрид

Сподели

 

На дводневниот состанок на Меѓународниот центар за архивско истражување – ICARUS, со седиште во Виена, е донесена одлука 31-та Конвенција, што се организира двапати годишно, да се одржи на 8, 9 и 10 ноември во Скопје и во Охрид.
 
 
 
 
На Генералното собрание, меѓу другото, се расправаше и за целите и перспективите на оваа значајна организација во областа на архивистиката, како и за придобивките и очекувањата за подобрување на нејзиното функционирање во иднина.
 
 
 
 
 
На ова Собрание на ICARUS, што се одржа во Клајн Маријацел, во близина на Виена, стана збор и за начините за популаризација на историјата и на архивистиката, заради подобра грижа за историјата и минатото и зачувување на заедничкото архивско наследство и богатство.
 
 
 
 
Во рамките на Генералното собрание на ICARUS, е промовирана и книгата: “Архивите и архивското истражување во дигиталната ера”, приредена од професорите, Жарко Вујошевиќ и Небојша Порчиќ.