Магазин Наука и Технологија

За 20 минути полнење до 70% полна батерија!

Сподели:
Се чини дека доаѓа време во кое што нашите паметни телефони и таблети ќе можеме да ги полниме за многу пократко време од претходно.

MediaTek компанијата на познатиот Computex саем кој секоја година во овој период се одржува во Тајван, ја претстави својата Pump Express 3.0 технологија, која што овозможува за 20 минути полнење на батеријата до дури 70 проценти.

MediaTek се пофалија дека со само пет минути полнење на паметните телефони кои што ќе бидат Pump Express 3.0 сертификувани, ќе добиеме до еден час разговор, а тоа е возможно благодарение на нивната најнова технологија на начинот на работа на полначите.

baterija

Од оваа компанија посебно истакнуваат дека нивната нова технологија има повеќе од 20 актуелни безбедносни сертификати кои што гарантираат дека нема да дојде до несакани последици кои би можело да ги предизвика вака брзото полнење на батеријата.

Како што гордо најавуваат од MediaTek, нивната технологија исто така ќе биде способна греењето на батериите и самите уреди да ги сведе на минимум.

Извор: tocka.mk

http://tocka.com.mk/5/197650/za-20-minuti-polnenje-do-70-polna-baterija

Сподели: