Алтернатива Настани

“ЗА СКОПЈЕ”- Изложба, филм и музика на 26 јули во МКЦ

Сподели:

 

26 Јули е денот кога Скопје ја доби својата прва голема лузна, но е и денот кога Скопје дозна колку голема љубов и поддршка има од другите градови и држави.
 
Ова е настан кој го одбележува тој трагичен ден и потсеќа на помошта која беше пружена од целиот свет. Влезот е слободен, а настанот е на 26 јули, од 19 часот во МКЦ.
 
Во чест на тоа, МКЦ Скопје, Град Скопје и Музеј на град Скопје организираат настан со следнава програма: Поетско Читање: Организацијата на Жени на Град Скопје традиционално секоја година го одбележува денот 26ти Јули со мотото „Со Љубов За Скопје Кое Го Сакам“ и поетесите ги читаат своите песни посветени за Скопје.
 
Изложба: Музејот на град Скопје ја подготви изложбата „За Скопје со срце од целиот свет“ на авторката Зоја Богдановска. Основната идеја на изложбата е пред публиката да се презентира хуманоста и солидарноста на народите од целиот свет, кои не признаваат граници и меридијани, а океаните стануваат мала пречка кога човекот сака да му помогне на човека.
 
Филм „1963: Добра Ноќ Скопје“ на Илија Павлов.
Линк до трејлер и повеќе информации: https://filmfreeway.com/1963GoodnightSkopje
 
Музичка програма:
„Бојан Чакра“
Ротирајќи околу жанрот jazz, селекцијата ќе биде бленд од поджанровите кои го менуваат курсот на Американската музика во периодот од 1955-1965, а најмногу bebop, hard bop, afro-cuban, soul jazz и latin jazz.
 
„Zulu 3.4“, еден од поновите современи џез состави од Скопје, основан 2018 од страна на Дамјан Даневски со идеја да се собере на едно место млади џез ентузијасти, чија цел е да создадат уникатен звук преку фузија на различни стилови.
 
„OFF GROUND ENSAMBLE“ е состав од музичари чии звуци формираат специфична магија, инспирирана од афро и традиционалните ритми со фузија на џез и светска музика.
 
„КАЛАТА“ е македонски бенд/проект формиран од Симеон Ангеловски (басист, аранжер, композитор) во 2018. Иако започнуваат како дуо, Калата денес брои 9 члена. Нивна инспирација е сета прекрасна и длабоко вкоренета традиционална македонска музика.
Сподели: