(ВИДЕО) Дали е можно се ова да се промаши? – Толку шанси за 10 секунди не сте виделе!

Сподели

Во скандинавското дерби, норвешки Молде со пресврт победи против шведски Елфсборг (4:1) и на тој начин дојде на чекор до пласман во 3.коло од Конференциската лига.

фото: Printscreen/YouTube/Fotboll SE HD

Молде веќе прими гол во 14. минута, а овој резултат остана до полувремето, иако имаше неколку сериозни ситуации во кои можеше да се постигне уште еден гол.

Еден од најинтересните моменти се случи во 38. минута во која играчите на Молде за многу кратко време пропуштија неколку неверојатни можности.

Дури пет пати во простор од десет секунди играчите на Молде шутираа кон противничкиот гол, но мрежата не се затресе.

Фудбалерите на Елфсборг се фрлаа на сите страни за да не заврши топката во мрежата и на крајот успеаја да се одбранат.

Сепак, Молде во вториот дел плати за се со дури четири гола.

The post (ВИДЕО) Дали е можно се ова да се промаши? – Толку шанси за 10 секунди не сте виделе! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico