Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Заев: Има шанса за договор со Бугарија по изборите кај нив и кај нас

Сподели:

 

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека по локалните избори во земјава и изборите во Бугарија, има шанса да се најде решение за блокадата на еворинтегративниот процес. Според него, решенијата треба да се изнајдат низ разговор и дијалог.

„Кога завршуваат изборите, сите политичари и кај нас и во Бугарија и насекаде се поразумни и поодговорни отколку пред изборите. Со завршени избори кај нас и завршени избори во Бугарија, тоа е првата причина да имаме добра шанса. Втората причина е што во разговорите се движиме на добар пат. Меѓусебната разбирачка сè повеќе е присутна во разговорите. 

Ние сме пријателски земји, нашите народи се блиски. Први соседи сме и треба да соработуваме. Изјавата на мојот колега, премиерот Јанев ја прифаќам како добра, позитивна порака затоа што и навистина се движиме на позитивен пат. Иако работат се уште технички комисии од двете министерства за надворешни работи, можам да кажам дека тоа е патот. Низ разговор, низ дијалог да се изнајдат решенијата, изјави денеска премиерот  Заев.

Заев за престојниот самит ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи следната недела во Словенија порача дека се работи за политички самит.

„Словенија ни е голем пријател, отсекогаш ни била. Премиерот Јанша се залага многу да го врати позитивниот сигнал за проширувањето кон Западен Балкан. Верувам дека со соодветни формулации на реченици, со конкретни гестови, со сериозни одлуки ќе се испрати таа порака на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и ќе биде недвосмислена, ќе биде чиста и јасна. Затоа што ова е обострано потребен процес. Да, нам ни треба затоа што сите земји од Западен Балкан нашата иднина ја гледаме во ЕУ, но и ЕУ знае дека и треба Западен Балкан. Ние сме дел од Европа, ние не сме само дел од европскиот континент, туку сме дел од Европа како политички систем, како организација и сл. и нашето место е токму таму“, изјави Заев.

Сподели: