Заев: Прекршен e Договорот за добрососедство

Сподели

 

“Денеска ја добивме првата блокада од Бугарија. Ова е прво непријатно чувство.Членот два од договрот вели дека Бугарија треба да не поддржува”, – изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој изјави дека за тоа е информиран од Брисел.

Тој додаде дека за јазикот и индетитетот не преговараат држави.

“Ја имаме првата блокада од Бугарија. Ова е прво непријатно чувство.Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин. Членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција. Денеска е прекршен тој член, ние ништо до сега не прекршивме.
Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО“, стои во челнот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија”, изјави Заев.