Вести Македонија Топ теми Ударни вести

ЗАЕВ: Aроганцијата и неисполнувањето на очекувањата ќе бидат пресудни за реконструкција во Владата

Сподели:

Премиерот Заев прашан од новинарите до каде е најавената „метла“, изјави:

“Овој период ќе го искористам за конечни консултации, така што верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а верувам дека некаде кон крајот на јуни ќе се пуштиме и по вертикала, односно во самите општини каде што државата е преставена со одредени државни институции”, рече Заев.

“Тоа се ароганцијата, неисполнувањето на одредени очекувања, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, тука е и непотизмот, антикорупциска тоа што го покажа…сите овие аспекти ќе бидат ќе бидат согледани”, рече премиерот.

Заев информира дека деновивте ќе биде закажана средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со другите коалициски партнери на која ќе се разговара за реконструкцијата.

“Ароганцијата, неисполнувањето на очекувањата, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот”, се дел од критериумите кои премиерот Зоран Заев ги најави како клучни при ценењето за промените во владините структурите. Таканаречената операција “метла” тој ја најави за јуни.

Сподели: