Вести Македонија Став

Ниту Ахмети ниту ДУИ не се мешаат во изборите во Косово

Сподели:

 

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети никогаш не се мешал и нема да биде вклучен во политичките изборни процеси на Република Косово.
 
Истовремено, Демократската Унија за Интеграција целосно ги демантира лажните и тенденциозни вести во некои маргинални електронски медиуми во Република Косово во врска со непостоечките ставови на претседателот Ахмети во врска со внатрешната политика на официјална Приштина, како поддршка за една или друга политичка партија, и уште помалку да етикетира било кој лидер на политичка партија во пресрет на парламентарните избори на 14 февруари што се очекува да се одржат во Република Косово.
 
Денес, како и во минатото, но и утре и засекогаш, Демократската Унија за Интеграција и г. Али Ахмети продолжува да развива институционална комуникација со властите во Косово и ние братски соработуваме за доброто на граѓаните на нашите две земји.
 
Претседателот на ДУИ, г. Ахмети оценува дека изборите на 14 февруари годинава се ексклузивно прашање на граѓаните, институциите и политичките партии на Република Косово.
 
Али Ахмети и Демократската Унија за Интеграција посакуваат во Република Косово на 14 февруари да се одржат мирни избори, да се организира демократски и транспарентен изборен процес преку кој ќе се докаже стабилност и силна посветеност на нивниот евроатлантскиот пат, соопштуваат од ДУИ.
Сподели: