Алтернатива Вести Македонија Настани

”Метални покуќнински предмети и металопреработувачки занаети” во Етнолошкиот оддел во Музеј на Македонија

Сподели:

 

Во Етнолошкиот оддел во Музеј на Македонија, збирката на предмети изработени од метал ”Метални покуќнински предмети и металопреработувачки занаети”, се состои од повеќе од 1.300 предмети.

 

 

Најчести материјали од кој се изработени предметите е железото, бакарот, бронзата но и алуминиум, лим, сребро и сл. Најголемиот број на предмети се употребувале во домот или куќата, па оттаму како предмети на наследство претставувале одреден вид на драгоценост заради нивната вредност во материјална и практична смисла на нивната трајност.

 

Покуќнинските предмети од метал биле изработувани по примерот на дрвените и керамичките садови. Покрај секојдневната практична примена, постоеле и предмети кои се применувале во религиската пракса, кои се издвојувале по своите магични дејства. На нив најчесто биле изгравирани или впишани скриени пораки или слики со кои се вршел магискиот чин. Според употребата, традиционалните предмети од метал можат да се поделат на: прибор за домаќинство, предмети за лична хигиена, предмети за сакрална употреба и предмети употребувани во трговијата и стопанството.

Повеќе за традиционалните предмети од метал може да се прочита во каталогот од истоимената изложба од 2012, во авторство на Дарко Кржовски. Каталогот може да се погледне на следниот линк
Сподели: