Алтернатива Настани

Чифте амам: Самостојна изложба на Реџаи Исени – ретроспектива

 

Чифте амам, Самостојна изложба на Реџаи Исени – ретроспектива, 19.септември

Реџаи Исени (1939 – 2018), е автор чие целокупно творештво е сепак битен сегмент од македонската современа уметност, поврзан со посткубистичките влијанија кои во нашата средина не беа силно изразени, а сепак присутни и негувани во одделни варијанти кај некои творци.

Иако во локални и национални рамки, (дури и екс југословенски, особено меѓу средината и постарата генерација), поради активното делување од крајот на шеесеттите, па се до осумдесеттите години од дваесетиот век, доста е познат и почитуван, но може да се констатира дека неговото место и улога не се доволно потенцирани и експонирани.

Со ретроспективната изложба која ќе се реализира во месец септември (Чифте амам), посеопфатно, за првпат пред пошироката културна јавност ќе се претстави творештвото на Реџаи Исени, како вредно ликовно творештво.
На јасен начин ќе се надополни учеството на овој автор, како важна алка во тековите на нашата уметничка продукција.

Сподели: