„Зборува Скопје“- Од денеска рута на солидарноста низ Скопје

Сподели

Во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“ денеска почнува Рута на солидарноста, односно панорамско разгледување на Скопје .

Во паркот Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН) во 11 часот, ќе почне „Рутата на солидарноста“, поточно граѓаните ќе имаат можност со автобуси панорамски да го разгледаат Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Поаѓање од местото каде-што е родена Мајка Тереза паркчето  пред зградата на ЕВН на плоштад, автобусот се движи покрај Старата железничка станица, продолжува кон населбите Тафталиџе 1 и 2 (населби изградени со помош на светската солидарност), ќе се помине покрај улиците (Варшавска,Прашка, Лондонска,Осло, Хелсинки..) преку Московска по булеварот Партизански одреди се поминува спроти поликлиника Букурешт (подарок од Романија), поминува покрај местото на уништените блокови во Карпош 2, па покрај Универзална сала (подарок од Бугарија), па покрај блоковите од Градски ѕид (проект на архитектот Кензо Танге), па покрај стариот театар и околу зградата на МОБ (за скопјани се уште позната како МНТ) турата завршува повторно на плоштад кај родната куќа на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН).

Оваа прошетка има термин и во 17 часот и ја организираат ЈСП Турс, ЈСП Скопје и Град Скопје во рамките на манифестацијата „Зборува Скопје“.

Турите ќе се изведат со професионален туристички водич, а ќе се реализираат на 24, 25 и 26 јули, со две поаѓања, во 11 и 17 часот . Двете тури на 24 јули ќе бидат бесплатни, а за преостанатите цената на билетот ќе изнесува 150 денари.

Манифестацијата која почна вчера и до 26 јули со низа настани  ја одбележува  55- годишнината, за утре 25 јули најавува изложба во КИЦ, а централниот настан ќе се одржи во галеријата Графити во ГТЦ ( кај автобуската постојка) во 20.30 часот со краткометражен филмски колаж на Дина Дума, театарски перформанс на Билјана Радиноска и музичка програма; и во 22 часот концерт на  Mammoth &Yashem, концерт наТодор Караколев, импров сесија со музичари од новата скопска сцена.

„Зборува Скопје“ почна вчера во Музејот на град Скопје со враќањето на буквите од пораката на солидарноста на источната страна од музејот.