Алтернатива Настани

Меѓународна мото-штафета за жени: Скопските бајкерки ќе се запишат во историјата на мотоциклизмот

Сподели:

Штафетата која за прв пат во историјата ја пренесуваат жени-бајкерки ќе пристигне и во Македонија.

Сакајќи да поттикне глобално сестринство од инспиративни жени кои ќе промовираат храброст, авантура, единство и страст за моторциклите од сите страни на светот и да направи нешто што никогаш не било направено, Hayley Bell, една од основачите на WRWR (Women Riders World Relay 2019 – мото штафета од глобален карактер во која учествуваат жени-бајкерки), го започна овој подвиг со силна порака. Нејзината цел е да ја покаже моќта зад пазарот за жени во мото спортот.

Македонките бајкерки со гордост се приклучија и ќе ја претстават нашата земја во најубаво можно светло. WRWR низ нашата држава ќе помине на 3 и 4 април.

Штафетата тргна од Шкотска во Февруари 2019 година патува низ Ирска, Велс, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Андора, Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Полска и така натаму, се до враќањето на штафетата во Велика Британија во јануари-февруари 2020 година.

Сподели: