Здравје Магазин

ЗЕЛЕНЧУК ЗА ИМУНИТЕТ

Сподели:

Зелен  зеленчук содржи витамини и минерали кои се потребни за нормално функционирање на организмот, како што е железо, фолна киселина, магнезиум, аминокиселини, сумпорни компоненти, омега 3 масни киселини итн.

Во пролет најмногу се консумираат краставиците, зелката, спанаќот, тиквичките, брокулата … Нека овој зеленчук преставува основа во вашата исхрана, и ќе бидете витални и здрави.

Зелена е боја на пролетта и затоа треба да ни биде на располагање зелен зеленчук. Овој зеленчук е сиромашен со калории, но е богат со нутриенти, вклучувајќи ги и влакната, витамините Ц и Б12, содржат лутеин – силен антиоксидант кој ги штити очите од дегенерација.

Калциум од зелениот зеленчук е важен за регулација на артерискиот притисок и цврстина на коските, а магнезиум и калиум заедно со калциумот ја одржуваат рамнотежата на течностите во организмот. Доколку сакате да го подобрите имунитетот, секојдневно треба да јадете појадоци кои содржат зелен зелнчук, посебно зелка.

Зелката е една од најхранливите видови на зеленчук. Одличен е извор на бета-каротен, витамин Ц и Е, калиум, калциум и манган. Може да се комбинира во манџите но е извонредна како салата.

Спанаќот е богат извор на витамини и минерали, посебно витамин А, кој е значаен за кардиоваскуларен систем и содржи витамин К, кој е важен за коските. Во спанаќот има 13 флавоноиди – силни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот борејќи се против слободните радикали.

Брокулата  е извонредно лековит зеленчук. Многубројните истражувања докажале дека супстанцата сулфорафан која се наоѓа во брокулата, ја потикнува синтезата на белковини, кои ги штитат клетките од рак. Сулфорафан има антиканцерогено, антидијабетичко и антимикробно делување.

Краставица и сок од краставица помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта, па затоа е  благотворен за дијабетичари. Краставицата ги лекува и зајакнува забите, ноктите и го поттикнува растењето на косата. Краставицата е зеленчук кој содржи 95% вода, но исто така е богата со минерали, природна сол, ензими, витамини и антиоксиданси. Калиум и манган кои се наоѓаат во овој зеленчук помагаат при регулација на крвниот притисок, а влакната го совладуваат чувството на глад.

Тиквичката содржи бета каротен, а многубројните истражувања потврдуваат дека храна која е богата со бета каротен го намалува ризикот од канцрогени заболувања и од болести на коронарните артерии. Витаминот Ц кој се наоѓа во тиквичките го штити организмот од ракот и срцевите заболувања и му помага на телото во војната против вирусните инфекции, додека калиумот го одржува балансот на телесните течности, нормален крвен притисок и работењето на срцето.

Сподели: