Земјотрес со јачина од 3,9 степени во Хрватска

Сподели

 

Земјотрес со јачина од 3,9 степени ја погоди областа Сисак, ноќеска, објави Европскиот медитерански центар за земјотреси (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри северозападно од Сисак, на длабочина од два километри.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област на округот Сисак-Мославина.