Концерт на најубавите македонски евергрини во Филхармонија

Сподели

 

На 17 септември, во Македонска Филхармонија, Концерт на најубавите македонски евергрини, со почеток од 20 часот
 
Најубавите македонски евергрин композиции во изведба на македонската оперска дивa Весна Гиновска Илкова, во придружба на нашиот познат пијанист Бобан Мирковски и Гудачкиот камерен оркестар Арко, под диригентска палка на маестро Ерхан Шукри.
 
Уникатно музичко патување низ прекрасната македонска забавна музика со извонредни македонски музичари. Слушаме и ја чуваме македонската музика.
 
Поддржано од: Министерство за култура, Комерцијална банка