Жерновски: Македонско-бугарското коптретседавање ефективно ги реализира приоритетите

Сподели

 

Заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска учествуваше на вебинар на тема: “Локалните власти на Западен Балкан во пристапниот процес кон ЕУ и Берлинскиот процес”, во организација на Европската асоцијација за локална демократија-АЛДА.
Целта на Конференцијата беше обележување на 20-годишнината од постоењето на АЛДА и нивната активност на полето на создавање на оддржливи локални заедници, а гледано низ фокусот на европската интеграција и целите и приоритетите на ко-претседавањето со Берлинскиот процес на Република Северна Македонија и Република Бугарија.
 
Во своето обраќање, ЗМНР Жерновски посочи дека клучно за една демократија е да се поттикне инструментот за повеќестепените процеси на донесување одлуки, кадешто локалните и регионалните власти ќе можат да го даваат своето мислење во креирањето на политиките. “Ние се потпиравме на овој пристап во рамките на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Северна Македонија и Бугарија, применувајќи го принципот на сеопфатност, апсорбирање на регионалните погледи во рамките на програмскиот план на Претседателството, со цел да ги одразиме нивните, а пред се интересите на граѓаните.”, истакна Жерновски.
Во контекст на ко-претседателството со Берлинскиот процес, тој додаде дека за првпат од 2015 година се случува земја-членка и земја-кандидат заедно да копретседаваат со овој процес, што претставува силен сигнал за регионално сопствеништво и можност за претставување на важни регионални теми во поширок европски контекст.
Кризата предизвикана од COVID-19 создаде неизвесност и непредвидливост не само за регионот, туку и за целиот европски континент, а со тоа се наметна и потребата од адаптација на програмата на заедничкото претседателство. Покрај тешкотиите предизвикани од кризата COVID-19, двете држави се фокусираа на спроведување и насочување на клучните приоритети, како што е олеснетото движење во регионот, засновано врз сеопфатност, изнаоѓање на опции за Регионален договор за патување со лични карти, ажурирана агенда за регионалната економска област (МАП РЕА 2.0) и давање поттик за имплементација на одредбите од Декларацијата за Ромите усвоена во Познан минатата година.
Новата реалност нѐ принуди да бараме поинаков пристап и соодветно олеснување на моменталните предизвици и поради тоа во нашето заедничко претседателство ќе вклучиме теми поврзани со (пост) COVID-19 економското закрепнување на регионот, почнувајќи од транспортот и зелените коридори како и взаемната помош за јавното здравство, додаде Жерновски во своето излагање.